Герапетритис: Грција нема да го поддржи приемот на Косово во СE во Комитетот на министри

Грција следниот месец ќе се воздржи од гласање во Комитетот на министри на Парламентарното собрание на Советот на Европа и нема да го поддржи барањето за пристапување на Косово во таа организација, најави грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис.

Во интервју за грчкото радио Канал 1, тој рече дека официјалната позиција на Грција, која не ја признава еднострано прогласената независност на Косово, останува непроменета, со оглед на тоа што не се исполнети суштинските прашања, пред се создавањето на Заедницата на Српските општини.

„Како што правевме во минатото во слични случаи, Грција ќе се воздржи од ова гласање. Со други зборови, нема да го поддржи барањето за прием на Косово во Советот на Европа“, рече Герапетритис, пренесува Hellas Journal.