Во Италија досега се употребени над 100 милиони дози вакцини против Ковид-19

Информациите и статистиките од Италија покажуваат дека досега тамошните здравствени власти инјектирале над 100 милиони дози вакцини против Ковид 19.

Генералот Франческо Паоло Фиглиуоло кој е задолжен за дистрибуција на вакцината ова постигнување го оцени како „одличен резултат“.

Според пресметките, приближно 80 отсто од Италијанците досега се барем еднаш вакцинирани, додека 77,3 отсто се ревакцинирани.

Дополнителна (бустер) доза од вакцината примиле и околу 16,2 отсто од граѓаните.

Од 16. декември треба да започне и вакцинирањето на децата на возраст од 5 до 12 години.