Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица

Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8 проценти во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) активното население во земјава е 798 718 лица од кои 708 698 се вработени, а 90 020 се невработени. При тоа стапката на активност изнесува 52,5, стапката на вработеност 46,6, а стапката на невработеност 11,3.

Од вкупниот број на невработените лица, 63,6 отсто се мажи, а 36,4 отсто жени. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1 процент. Од вкупниот број вработени, 57,7 отсто се мажи, а 42,3 отсто жени.

Во второто тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 101 022 лица, што претставува зголемување од 7,2 проценти во однос на претходното тримесечје.

-Порастот во најголема мера произлегува од зголемениот број неформално вработени во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде се евидентирани 51 487 лица, или 51 отсто од вкупната неформална вработеност. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 17,2 отсто од неформално вработените. Ваквата структура укажува дека сезонските активности во овие две дејности имаат клучно влијание врз кварталните движења на неформалната вработеност, посочуваат од ДЗС.