(Видео) Трилинг: Дали по изборите СДСМ ќе се распадне, а ДУИ ќе замине во опозиција или ВМРО-ДПМНЕ ќе остане опозиција?

„Нема да бидеме опозиција, ќе ги добиеме изборите. Ние уште во овој мандат рековме ајде широка влада и имавме предизвик од ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за уставни измени, без ДУИ. Прифативме. За нас е битна иднината на државата. Кај одиме со популизам и национализам. Уставните измени треба да ги носиме час поскоро. Без калкулации, колку ќе добијам, колку ќе изгубам како партија“ вели Арбр Адеми – потпретседател на ДУИ во вечерашното издание на Трилинг.

На прашање дали постои можност некој да повика на тивок бојкот на претседателските избори, политикологот Синиша Пекески вели „не постои апсолутно никаква шанса затоа што на сите им е битно да си ја покажат вистинската вредност. Нема теорија да има бојкот“.

Политикологот вели дека „изразот `цунами` и следува на позицијата, лично мислење дека по изборите СДСМ ќе се распадне или ќе се сведе на Декократска странка во Србија, која веќе нема да се издигне. Партијата ЗНАМ има сериозен потенцијал“.

„Насилството зема се поголем замав, голем број од жртвите кои искусиле некој вид на насилство не пријавуваат. Бројките се повеќе од алармантни, и укажува на барање на еден поинаков поглед и на семејството и на индивидуата. Очекувањата се насочени пред се кон родителите и училиштето, ова е општествен проблем. Ние сме општество кое развива толеранција на насилство, секој кој не пријавува е одговорен за сето ова што ни се случува“ вели Вида Гавриловска Бубалова – психолог и психотерапевт.

Ова е вечерашното издание на Трилинг: