(Видео) Гавриловска Бубалова: Секој кој не пријавува насилство е одговорен за сето ова што ни се случува

„Насилството зема се поголем замав, голем број од жртвите кои искусиле некој вид на насилство не пријавуваат. Бројките се повеќе од алармантни, и укажува на барање на еден поинаков поглед и на семејството и на индивидуата. Очекувањата се насочени пред се кон родителите и училиштето, ова е општествен проблем. Ние сме општество кое развива толеранција на насилство, секој кој не пријавува е одговорен за сето ова што ни се случува“ вели Вида Гавриловска Бубалова – психолог и психотерапевт, во вечерашното издание на Трилинг.

Таа вели дека „живееме во стресно време, апсолутно примената на насилно однесување не го намалува стресот. Луѓето е адаптибилни, начините на кои семејството функционира е еден од начините на кои се промовира насилство. Она што е факт, во тек се доста кампањи за меѓуврсничко насилство“.

На прашање од каде тој излив на агресивност, пред се кај младите, но и кај повозрасните, Гавриловска Бубалова вели „младите кои тешко се пронаоѓаат многу лесно може да потпаднат под принцип на идеализирање. Често среќаваме кога родителот вика немој прв да удриш. ама ако те удри – врати му. Родителот не знае каква одговорност е тоа за детето, дека тоа треба физички да се пресмета. Пред еден колапс сме ако не тргнеме со посилни учења на методи за ненасилна комуникација“.

„Генерално некои вредности почнуваат да се менуваат, во семејствата. Интеракцијата родител – дете, трпи заедничкото време, што е суштина на меѓусебна поддршка“ вели таа.

На прашање како психолошки би се дефинирала состојбата во која живееме во државата, ќе каже „еден вид на парцијална грижа за добробитта, едни се грижат, другите сметаат дека треба да се грижат само за своето. Секој родител има идеја детето да се описмени и да знае како да се заштити, како да помогне на другиот и како да стигне до својата среќа и благосостојба“.