(ВИДЕО) Разговори со Стојановски, Поповски и проф. д-р Петар Поповски

Во Трилинг гостуваат проф. д-р Петар Поповски од универзитетот Олборг и член на престижната Кралска Данска академија на науките и книжевноста, Тони Поповски политиколог, како и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

„Дупката нема да биде толкава, и нема да имаме задолжување по однос на проширувањето. Не планираме нови задолжувања, освен оние кои се предвидени во првичниот документ од буџетот.

-Немаме криза во пензискиот фонд. Навремено ќе бидат исплатени сите пензии“, вели Бојан Стојановски.

„Тоа брзо правење на уставните измени да биде проследено со заштитна клаузула по можност во уставниот закон.

-За да избегнеме авторитарни тенденции би било пожелно да имаме силна, квалитетна опозиција, изјави политикологот Тони Поповски.

„Најважен е натпреварот со самиот себе, да се погледнам пред една година, дали во тие 365 дена успеав да направам нешто повеќе, да научам нешто повеќе, или да придонесам нешто повеќе во знаење во однос на минатата година“, смета проф. д-р Петар Поповски.