Вечерва колони возила на „Табановце“, се чека и по два часа за излез од земјава

Новогодишните и Божиќните празници направија метеж на граничните премини за излез, но и за влез во земјава.

Таков е случајов вечерва со граничниот премин „Табановце“ кон Република Србија.

На безбедносните камери поставени на овој граничен премин се гледа како колони од возила чекаат ред за влез, но и за излез од земјава.

На социјалните мрежи патници коментираат дека на границата за излез од Р С македонија чекале и по два часа.

Ваквата слика е вообичаена за празнични продолжени викенди, но и за летниот период.