
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рано утринава пристигна во Швајцарија, каде што се очекува да учествува во разговорите со иранската делегација заедно со други високи американски претставници.
Според најавите, на Венс во американската делегација ќе му се придружат Џаред Кушнер и специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф.
Иранската делегација, пак, пристигнала во Швајцарија уште во саботата вечерта. Во неа се вклучени претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, и министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.
Во разговорите како посредници учествуваат и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, како и командантот на вооружените сили на Пакистан, фелдмаршалот Асим Мунир.