Ванковска тврди дека Силјановска го навредува Пендаровски на низок начин

Кандидатката за претседател од Левица која не влезе во вториот круг Билјана Ванковска во своја објава на Фејсбук за својата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не се пријателки бидејќи приватно ја навредувала, а во еден од коментарите додаде дека иако не ја напаѓа нејзе јавно, тоа го прави на низок начин кон Пендаровски во јавноста. Таа од Силјановска очекува барем малку објективност.

„Тоа е медиумска мантра дека сме пријателки… Инаку таа него додржа нивото кога ми пишуваше пораки на Телеграм до 2 часот наутро. Само не ги споделувам. Овде бевме и сме во идеолошка и политичка битка на различни страни. Јас напаѓам ФАКТИ, а не делам ad hominem квалификации. Ако за Кина знае од Перл Бак, тоа е скандалозно за претседателка на држава!“, додава таа.

Таа истакна дека Силјановска го напаѓа Пендаровски на многу низок начин, а на Бујар му делеше дијагнози.

„Таа го напаѓа Стево и тоа на доста низок начин. На Бујар му делеше дијагнози. Малку објективност не е на одмет. Мене ме навредуваше приватно“, пишува Ванковска.