Тренчевска: Не ја казнувајте државата заради тоа што одредени функционери грешеа, зад нас имаме сериони резултати

Немојте да ја казнувате државата, заради одредени функционери кои не беа чесни и грешеа нашите резултати се видливи, порача вечерва на митинг во Радовиш Јована Тренчевска коносителка на листата на пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборната единица четири.

„Дел од нашите остварувања се обезбедување на 330% зголемување на социјална помош, 53% повисока пензија, 180% повисока минимална плата, 40.000 денари просечна плата, тоа се нашите резултати и знам дека тоа можеби не е доволно, но јас вечерва стојам овде пред вас, не како Јованка Тренчевска политичар, туку како жена, како ваша пријателка и другарка, како жена што работеше со интегритет и посветеност и која вечерва бара масовна подршка од вас за број еден на осми мај“ рече таа, додавајќи дека ова се важни избори.

„Овие избори се важни за сите нас, за вредните семејства кои се стремат кон подобра иднина за своите деца, за пензионерите кои бараат стабилност, за младите луѓе кои копнеат по можности, напредок и успех“ посочи Тренчевска