„Вакцината Спутник во комбинација со Спутник лајт штити речиси 100% од Омикрон“

Истражувањата покажуваат дека ефикасноста на руската вакцина „Спутник В“ против варијантата Омикрон изнесува 75 отсто. Ова денеска го соопшти директорот на епидемиологија и микробиологија на Гамалеја – Александар Гинтсбург.

Тој смета дека комбинацијата на „Спутник В“ и „Спутник Лајт“ носат заштитата и до 100 отсто за овој сој.

Гинтсбург смета дека за луѓето кои не примиле засолувачка доза вакцина, ефикасноста на вакцината против коронавирус на „Спутник“ по 6 месеци од примањето е 56-57%.

„Значи, јасно е дека препораките на Министерството за здравство за потребата луѓето да се ревакцинираат со Спутник лајт на секои шест месеци се целосно оправдани и поткрепени со податоци“ вели тој.