Алабаковски: Народе мој, Ви благодарам на Вашата искрена поткрепа!

Популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски првпат во јавноста се огласи на социјалните мрежи, по инцидентот во Битола, откако е осомничен дека ја потпалил вратата на културниот центар „Иван Михајлов“.

Алабаковски на „Инстаграм“ прво сподели инсерт од драмата „Диво месо“ на Горан Стефановски, а потоа и фотографија од протестот кој беше организиран под мотото „Слобода за Ламбе“.

„Народе мој, Ви благодарам на Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочините на срцето и душата!“ – напиша пејачот.

Против Алабаковски се води постапка за палењето на бугарскиот клуб. Тој наводно во полиција признал дека ја запалил вратата на клубот од патриотски причини.

Алабаковски помина 8 дена во притвор, сега е на слобода, но одземен му е пасошот.