Адвокат Тома Фила: Не може корупција без криминал, мора да се вмешани и политичари!

„Јас сум чувствителен по македонското прашање. Имам 81 година, изборниот резултат кој го имавме овде во Србија е извонреден. Не проценуваа на 2,5-3%, јас добив 7% во трката за градоначалник. Опозиција во Србија е разединета, како Вучиќ да произвел ваква опозиција, собрани се, а не знаат кои странки се тука. Сите избори беа за или против Вучиќ. Ја осудивме Русија затоа што ја нападна Украина. Не признаваме дека Косово е независна држава, Македонија признава. За нас не е затворено тоа прашање, тој филм нема да се гледа. Отворените прашања во регионот за мене се економски прашања, ако ЕУ сака да ја држиме таа политика, мора сите нас да не прими. Ако влеземе внатре, ќе бараат да играме по нивна свирка. Но сега да ни бараат одредено однесување, а да не сакаат да не примат – тоа е невозможно“ – вели адвокатот Тома Фила за Трилинг.

Тој смета дека „влијанието на Русија во Србија е поврзано со црквата. И сега и Украинците се православни, ние ја осудивме Русија, зошто ја напаѓа таа земја, но не ставаме санкции. Нашата политика е интерес на Србија и да не биде војна. Основниот проблем кај нас е прашање на корупција, против организиран криминал, не може корупција без криминал. Мора да се вмешани и политичари. Политиката го толерира криминалот, тој проблем мора да се реши. Ако јас станев градоначалник, секој договор ќе го направев транспарентен“.