
Шолц: Германија ќе ѝ помага на Украина сѐ додека е потребно
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина, пренесува Ројтерс.
Тој гo кажа ова неколку дена откако западните сојузници ги урнаа надежите на Украина за брза испорака на борбени тенкови.
„Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина – сѐ додека е потребно.“
Киев бара најмалку 300 западни тенкови за борбата против руските сили, главно германски тенкови „леопард 2“, но состанокот на западните министри за одбрана во петокот во Германија покажа дека околу тоа постојат сериозни разлики.
Западните сојузници ги згаснаа надежите на Украина за брза испорака на борбени тенкови за зајакнување на нејзината огнена моќ за пролетна офанзива против руските сили, при што САД го повикаа Киев да се воздржи од спроведување таква операција.