Стотици граѓани на протестен собир за одбрана на МКЦ

Со концерт на млади музичари, дружба и потпишување на петиција, голем број млади луѓе денеска го искажаа својот револт од последните случувања во Младинскиот културен центар во Скопје, како кратењето на буџетот и поставувањето дипломиран детектив за директор, без искуство во културата.

Меѓу присутните беше и музичарката Дина Јашари, која имаше свој настап на платото пред МКЦ.

Стотици граѓани масовно излегоа пред платото на МКЦ. Музичарите неформално се собраа на концерт под мотото „Сите за МКЦ“ откако градоначалничката Арсовска го разреши доскорешниот в.д. директор Ванчо Богоев.

Од програмскиот совет на МКЦ велат дека неговото именување е противзаконско, а за тоа постапка ќе покрене и Антикорупциската комисија.

Од МКЦ не знаат зошто културна установа со ограничен и мал буџет кој дополнително е скратен за цели 92% е мета на политички игри изминативе години. Велат сакаат само да работат и да ја афирмираат независната сцена во земјава.

МКЦ неодамна прослави половина век работа.