Фестивал на детска креативност „Трамболини“ од 26 мај до 6 јуни

Детскиот културен центар „Карпош“ од 26 мај до 6 јуни го организира Фестивалот на детската креативност „Трамболини“ со поддршка на Град Скопје. По седми пат оваа година фестивалот на детска креативност ќе се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативни и креативни работилници ќе ја развива креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со понудените разнолики работилници.

На фестивалот ќе учествуваат деца и млади на возраст од 7 до 17 години, каде ќе совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин.

– На овој фестивал, децата ќе можат да уживаат во работилници за личен развој, работилница по природни науки, работилница на турски јазик, ликовна изложба, изработка на креативна торбичка, драмската претстава „Волшебно патување“ што ќе ја изведат членовите на драмската и балетската секција при ДКЦ „Карпош“. Но, „Трамболини“ не завршува тука, продолжува со работилница во Музејот на современа уметност насловена како „Временски патници“. Исто така во склоп на фестивалот, скопската публика ќе има можност да го погледне детскиот мјузикл на македонски јазик „Убавицата и ѕверот“, изведена од талентираните членови на студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј Јуниор“ од Скопје во склоп на Фестивалот на детски мјузикли – информира Детскиот културен центар.