
Речиси половина од издадените Златни визи во Грција се на кинески државјани
Речиси половина од важечките дозволи за престој за инвеститори во Грција, односно т.н Златна виза (Golden visa) се издадени на државјани на Кина, втори со значајно помал број се Турците, додека пак на последното место меѓу десетте земји се српските државјани, јави дописничката на МИА од Атина.
Речиси половина од важечките дозволи за престој за инвеститори во Грција, односно т.н Златна виза (Golden visa) се издадени на државјани на Кина, втори со значајно помал број се Турците, додека пак на последното место меѓу десетте земји се српските државјани, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција, заклучно со јуни годинава, 47,7 отсто од издадените дозволи за легален престој во земјата, преку купување недвижнина и добивање Златна виза, се на кинески државјани (11.921), на второ место со 4.543 дозволи се Турците, на трето место е Либан, со 1.145 дозволи (4,6 отсто од вкупниот број), а потоа следуваат Иран, Велика Британија, Израел, Египет и САД со под четири проценти од вкупниот број, а на последните две места од листата десет топ инвеститори се Ерменија со 258 и Србија со 224 дозволи за престој.
Активни дозволи за престој издадени преку програмата Златна виза се 32.702, а во оваа бројка не се вклучени членовите на семејствата на инвеститорите.
Во периодот од јануари 2022 до јуни 2026 година биле поднесени вкупно 41.039 барања за дозвола за престој на инвеститори, или за првично издавање или за обновување, од кои 77 отсто биле одобрени, 22 проценти се сè уште во постапка, а само еден процент се одбиено.
Мнозинството од доставените апликации во конкретниот период, односно 31.748 барање се за првично издавања на конкретната дозвола за престој, додека пак доколку се анализираат податоците за секоја година, најмногу барања имало во 2024 година, вкупно 9.373 дозволи, а во првата половина од годинава биле доставено 2.551 барање.
Во 2014 година во Грција беше воведена програмата за инвеститори, односно со купување недвижнини, странските државјани добиваат Златна виза (Golden Visa) односно петгодишна дозвола за престој.
На почетокот минималниот износ за инвестирање беше 250.000 евра, што во 2024 година со измените на законот се зголеми на 400.000 евра за одредени грчки региони и достигнува до 800.000 за популарни градови и острови.