Распишана меѓународна потерница по Ива Михаилова

Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова (23) од Кочани, по барање на Основниот суд во Кочани.

Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова (23) од Кочани, по барање на Основниот суд во Кочани.

Според информациите објавени од МВР, Михаилова се бара поради кривично дело опфатено со член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Од Министерството засега не се наведени дополнителни детали за околностите на случајот.