Радев го свика Консултативниот совет за национална безбедност
Румен Радев – претседателот на Бугарија свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за националната безбедност и состојбата на вооружените сили.
На Советот присуствуваат парламентарните партии и клучни владини претставници, а темата се ризиците и заканите по националната безбедност на Бугарија и состојбата на вооружените сили, како и неопходните мерки.
На Советот посебен извештај ќе даде началникот на бугарската армија, адмирал Емил Ефтимов.
Медиумите кај нашиот источен сосед потсетуваат дека Консултативниот совет за национална безбедност се одржува по изјавата на министерот за одбрана, Стефан Јанев, дека акумулацијата на руски војници на границата со Украина ја загрозува бугарската национална безбедност.