
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, објави дека албанскиот јазик е отстранет од официјалната табла за добредојде на македонската граница.
„Албанскиот јазик е отстранет од официјалниот знак за добредојде на северно-македонската граница.
На последниот попис на населението, 29,5% од населението е регистрирано како Албанци. Уставот и законот ја гарантираат употребата на албанскиот јазик.
Неговото отстранување од официјална државна табла претставува недостаток на институционално право, дискриминација и намерна провокација“, пишува Османи во „Х“.