Косово ќе и продаде на Македонија 3 милиони тони јаглен

„Косово има политичка волја да и продаде на Македонија три милиони тони јаглен“. Ова го објави „Газета Експрес” повикувајќи се на информации од тамошното Министерство за економија. Информациите се дека барањето за купување јаглен било поднесено при последната посета на Косово на македонскиот министер за економија – Крешник Бектеши.

„Министерството за економија на Република Косово прифати да отвори дебата, односно консултации околу модалитетите на потенцијалниот договор. Од политичкото ниво е дадена согласност и изразена добра волја компаниите да ја продлабочат соработката и техничките детали да се прецизираат во текот на преговорите“ велат од косовското Министерство.

Засега не е позната цената на продажба на јагленот.