Гаши: Ако се пронајде вина кај Исмаили, јас давам оставка

„Хисни Исмаили е чист како солза“ вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши за неговиот сопартиец. Тој е убеден дека Исмаили нема ништо нечесно направено додека бил министер за култура.

„Зли сили сакаат да му наштетат. Буџетот не е оштетен додека тој беше министер. Ако се пронајде вина кај него, јас давам оставка“, рече Гаши во гостувањето на тв Сител.

ДКСК поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Хусни Исмаили, кој е предложен за потпретседател на Собранието според новиот коалициски договор на актуелната власт со Алтернатива.

Екс-министерот за култура на функција беше од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година, а е пријавен со сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес“.