Касами и Меџити: Наскоро, правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик
Во пресрет на протестот на албанските студенти кои бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик, копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, напишаа на социјалните мрежи дека ова барање наскоро ќе биде исполнето. Тие не прецизираат за што точно зборуваат, но велат дека ќе има добри вести.

„Испитот по право е и на албански јазик! Наскоро со добри вести…“, напиша кратко Касами.
Истата порака ја напиша и другиот копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, објавува Журнал.мк.