Земјотрес од 5 степени во Турција – епицентарот на 50 километри од Кајсери

Во централниот дел на Турција е регистриран земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтерова скала, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот бил на речиси 50 километри од градот Кајсери, каде има околу 600.000 луѓе.

Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.