Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка. Оставката ја доставил до премиерот Мицкоски на 9 октомври, а таа денеска е депонирана во Собранието.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка. Оставката ја доставил до премиерот Мицкоски на 9 октомври, а таа денеска е депонирана во Собранието.

Андовски пишува дека оставката ја поднесува од лични причини и му се заблагодарува на премиерот за укажната доверба.

„Ви изразувам искрена благодарност за укажаната доверба, досегашната поддршка и соработката во текот на извршувањето на мојата функција. За мене беше чест и одговорност да бидам дел од Владата и да придонесувам кон унапредувањето на здравствениот систем.

На претседателот на Владата и на сите членови на Владата им посакувам успех во понатамошната работа и во остварувањето на заложбите за подобро здравство и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува Андовски.

Премиерот предлага неотповикливата оставка на Андовски да биде констатирана на првата седница на Собранието.

Андовски беше заменик-министер од почетокот на мандатот на премиерот Мицкоски – во период кога се сменија тројца министри: Арбен Таравари, Азир Алиу и Сашо Клековски.

Пред две недели премиерот Мицкоски најави дека наскоро ќе предложи нови заменици министри.