Документарецот за Слаткаристика ја отвора темата за говорните потешкотии, велат од Култура

Биографскиот музички документарец „Слушни ме“ на режисерот Радован Петровиќ и „ОХО Продукција“, не е филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера на Марко Маринковиќ-Слаткаристика, еден од најпопуларните македонски хоп-хоп музичари, туку преку неговата лична приказна ја отвора темата за говорните и комуникациските потешкотии кај децата и младите, појасни Министерството за култура, по критиките откако проектот доби поддршка со 1,5 милиони денари на Конкурсот на Агенцијата за филм за 2026 во прв рок.

„Станува збор за документарен проект со јасна општествена, едукативна и инклузивна димензија. Филмот ја истражува улогата на музиката и уметноста како можни алатки за надминување на овие предизвици, испраќајќи порака за прифаќање, еднакви можности и општествена инклузија. Особено значајно е што проектот обработува тема која директно засега голем број семејства во нашето општество.

Преку автентична приказна и препознатлив јавен лик, филмот има потенцијал да придонесе кон подигнување на свеста за говорните и комуникациските потешкотии и да поттикне поширока јавна дебата за поддршката што им е потребна на овие деца и нивните семејства“, соопштија од Министерството.