Десет години од поплавите во Стајковци, настрадаа 22 лица

Пред десет години на денешен ден, скопските села Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново беа погодени од катастрофални поплави во кои животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва беше 16 месечно бебе, а многумина беа повредени, и голем број домови беа уништени.

Невремето започна во попладневните часови, кога Скопски Регион беше погоден од обилни дождови и силен ветер. Во текот на ноќта беа евакуирани околу илјада граѓани.

На 6 август 2016 година во Скопје за 24 часа наврнале 92,9 литри на квадратен метар, а во текот на првите два часа од невремето удриле над 800 громови.