Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, информираат од локалната самоуправа.

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, информираат од локалната самоуправа.

-Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски- изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Како што посочи, во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“. Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар се врши бесплатно мерење на крвен притисок.

Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури.

Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.