Вучиќ: Нема да го препознаете Белград до 2027 година

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека планот за развој на Србија е целосно променет и дека отсега сѐ се мери до 2027 година.

Вучиќ зборуваше од Палатата Србија заедно со премиерката Ана Брнабиќ.

– Во таа програма она за што зборувавме се викаше бајка. Сега е јасно дека сме на добар пат и покрај проблемите, инфлацијата почна да опаѓа и оди во добра насока, освен платите и пензиите ќе успееме да се погрижиме да растат, предвидовме многу проекти на изградбата на училишта, градинки, болници и патишта. Денеска се појавивме пред вас затоа што сега се работи за речиси изменет план, од денеска мериме сѐ до 2027 година. Ќе ви презентирам нови планови – рече тој, пренесе српски Курир.

– Ќе ви презентирам неколку неверојатни планови, тие планови треба да почнеме да ги реализираме уште утре. Ќе ни требаат многу волонтери, за да работи цела Србија. Нема да можете да го препознаете Белград, тој ќе биде еден од најубавите градови во светот, не само во Европа“ порача Вучиќ.