(Видео) Роџевски: Во Македонија мириса на депресија и апатија, најголем проблем е немањето лична одговорност

Крсте Роџевски кој е невропсихијатар и музичар е нашиот прв гостин во „Трилинг“ вечерва. За 8 години има издадено 6 албуми, а како инспирација за нови текстови вели дека ја црпи човековата природа и неговиот секојдневен живот.

Инспирацијата за музика и текстови ја црпам од секојдневниот живот. Јас се занимавам со човековата потсвест, тоа ми е професија и отсекогаш ме интересирало. Ме интересира сржта на човековата природа, а сите мои текстови се поврзани на некој начин со тоа, се занимавам со сржта и целта на се она што го правиме, започнува Роџевски.

Тој вели дека има голема поврзаност меѓу музиката и медицината.

Врската меѓу музиката и медицината има голем пресек бидејќи двете се занимаваат со истражување. Музиката е најчиста форма на уметност. Во медицината сакаме да стигнеме до некој резултат. И двете се занимаваат со човековата природа, додава гостинот.

Сопствениот живот тој го опишал како спој на повеќе работи, на многу неуспеси кои го направиле успешен.

Според мене неиспитан живот не треба да се живее. Ние сме млада нација, тоа го прават и нации кои се многу. Како држава сме адолесценти. Не постои срам кој според мене е револуција. Не постои надворешен или внатрешен систем на преиспитување затоа е премногу важно да помине период каде ќе се преиспитаме, вели Роџевски.

Како народ се уште се испитуваме кои сме, каде сме и до каде ќе одиме. Тоа е резултат на нашата несигурност. Тоа е со внатрешен идентитет. Кај нас се уште не е изграден. Ние знаеме да зборуваме дека се преиспитуваме, но не знам дали навистина е така, додава гостинот.

Во Македонија мириса на депресија. И јас сум Македонец и тоа не го кажувам со гордост. Самата нарација на која луѓето разговараат за проблемот укажува на тоа. Се седи на едно место и се зборува за нешта кои ни пречат без да се промени нешто, вели Роџевски.

Јас не делам народ и политичари. Политичарите се одраз на народот.

Прво се приметува во македонското здравство дека има добри лекари. Имам колеги со кои заедно студирав. Имаме потенцијал огромен. Јас познавам лекари кои се на значајни позиции низ целиот свет. Што се однесува до фонд на знаење, јас додека студирав имаше многу добри лекари и многу добри професори. Во Лион или Стокхолм ако отидеш немаше никаков проблем, комплетно се вклопувавме. Кај нас проблемите се социјални и меѓучовечки. Нема лична одговорност, заклучува гостинот.

Целата емисија може да ја погледнете во продолжение: