(Видео) Османи: Граѓаните патуваат со старите патни исправи во соседството, МНР работи за флексибилни рокови

Еве гледате граѓаните патуваат со стари патни исправи со соседните земји. Не смееме да потклекнеме под било кој предизивик и да има непочитување на договорите, вели вечерва во „Трилинг“ министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

За проблемот со патните исправи Османи се иззема од одговорност и вели дека тоа не е обврска на МНР. Османи вели дека МНР работи на случајот да има флексибилност, да има патни листи за патување и да се зголеми бројот на дипломати. Османи вели дека некои држави веќе пуштаат и со стари документи.

За скандалот со македонскиот амбасадор во Рим, Бујар Османи и покрај пропустот не даде директен коментар.

Уште пред да почнат роковите таа нота била повлечена затоа што е сфатено дека е направена грешка од еден од вработените. Таа мискомуникација се случила пред роковите да стапат на сила. Сега испитуваме да видиме дали тие вработени имале комуникација со претходните министри. Истражуваме, јас верувам дека е само една техничка грешка, вели Османи за „Трилинг“.

Османи се осврна и на Преспанскиот договор од којшто се создаде оваа промена на лични документи.

Преспанскиот договор ги имаше тие транзициони рокови. За документите за внатрешна употреба, се менуваат согласно поглавјата. Рокот беше пет години. Дали е разумно, дополнително ќе се истражува. Сега е важно ние да не покажеме тенденција на непочитување на договорите. Тоа ќе биде сериозен удар на кредибилитетот на државата, вели Османи.

Министерот за надворешни работи вели дека Грција сега почнува да менува знаци и штотуку МНР било информирано за нови промени на грчките табли.

Еве гледате граѓаните патуваат со стари патни исправи во соседните земји. Не смееме да потклекнеме под било кој предизивик и да има непочитување на договорите, додава тој.

Откако претседателот на државата, Стево Пендаровски не го потпиша указот за Законот за игри на среќа се вжешти тензијата на релација Пендаровски – ДУИ.

Потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи даде свој коментар.

Неповрзани се тие две работи. Овој закон беше важен бидејќи беше предизборно ветување на ДУИ. ДУИ вети дека обложувалниците ќе ги тргне од централните градски подрачја, односно од важни објекти како школите и верските објекти. Затоа инсистиравме на тој закон да бидат оддалечени по 500 метри. Здруженијата кои се борат на ова и кои велат дека „заради европското знаменце не се потпишува“, но ова е малку дискутабилно, вели Османи.

Тој има дилеми за Пендаровски зошто не го потпишал указот.

Голем притисок правеа здруженијата за игри на среќа и сега не е јасно зошто не е донесена одлука. Дали е поради притисок на здруженијата за игри на среќа или заради европското знаменце, прашува Османи.

Бујар Османи се сомнева дека анти-ДУИ кампањата е всушност анти-албанска кампања.

Гледате дека има една анти-ДУИ кампања пред се насочена кон Али Ахмети која што јас мислам дека е анти-албанска кампања, но заради политичка коректност се користи ДУИ, вели Бујар Османи.

Османи смета дека Хашките случаи се веќе затворени.

Во секој предизборен процес се отвора тоа дека Ахмети неславно ќе заврши, вели Османи осврнувајќи се дека постојат многу шпекулации во јавноста.

Османи даде свој коментар и за уставните измени и вели дека тој заедно со поранешниот премиер Ковачевски вложиле целосно енергија кон реализација на истите за европеизација на Македонија.

Османи не гледа закана во албанската опозиција.

Целата емисија погледнете ја во продолжение: