(Видео) Панов: Апсурдно е да зборуваме чиј и како бил Гоце Делчев, политичарите ги направија проблемите

Вештачки е наметната тезата за Гоце Делчев каде треба да се договориме чиј бил и како се чувствувал е апсурд. Ние знаеме кој бил Гоце Делчев, вели Панов од инситутот за историја.

Од уставните измени ќе се крои и идната владина коалиција. Вечерва за актуелните теми зборувавме со Митко Б. Панов кој е редовен професор во Институт за национална историја.

За уставните измени и договорите за добрососедство тој вели дека договорите направиле само спротивен интерес, наместо пријателство.

Се создаде една таква поларизираност како последица на политички договори кои требаше да продуцираат добрососедски односи и пријателство, меѓутоа го продуцираа сосема спротивното. Зборувам од акцент на националниот акцент и негово оспорување преку историјата. Јасно е дека во двата договори и со Грција и со Бугарија централна тема е историјата. Видовме со соседна Бугарија дека историјата се користи да се реализира агенда која се протега од 19 век, вели Панов.

Даде краток коментар како ја гледа историјата низ неговата призма.

Концептот на заеднички чествувања ги гледам како славење одредени јубилеи настани како: Ден над фашизмот, денот на Европа, а тогаш се негува меморија да не се повтори нешто и да се воспостават работи кои се фундамети, вредности на Европа.

Професорот вели дека кај нас со македонско-бугарските односи и наметнатото заедничко чествување треба да се создаде една позитивна клима, а полтичарите да бидат настрана од историјата.

Заедничките чествувања како Кирил и Методиј целиот проблем е што политичарите се позиционираа како експоненти на таа научна и академска работа. Проблемот настана кога влезе политиката. Политичарите се обидуваат да наметнат атмосфера, а проблем настана кога тоа сакаше да се искористи да се даде историска содржина на тие чествувања, вели професорот.

Се огласи и за Гоце Делчев.

Вештачки наметнатата теза за Гоце Делчев каде треба да се договориме чиј бил и како се чувствувал е апсурд. Ние знаеме кој бил Гоце Делчев, вели тој.

Целата емисија погледнете ја во продолжение: