(Видео) Мулачка: Расколот во Алијанса за Албанците постои веќе подолго време

Кој губи, а кој добива од политичките надмудрувања во Алијанса за Албанците?

На овие прашања одговараат Ирена Мулачка, уредник во медиумот „Фокус“ и Марко Трошановски кој е аналитичар.

Според Мулачка раздорот не е од сега, туку постои подолго време.

Расколот постои веќе подолго време. Не се согласуваат очигледно како треба да излезат на изборите. Од тоа што ние како медиум го следиме повеќето од членството дава поддршка на актуелниот лидер. Е сега, дали ќе успеат да се разрешат двајцата министри ќе одлучи Собранието. Повеќе од пратениците се од крилото на Села. Од предлозите на Села, колку што јас сум запознаена, единствено ми е познат др. Илир Демири. Тој е актуелен директор на тетовската клиничка болница. Тој е еден од поретките кој успеа тетовска болница да ја стави под контрола, вели Мулачка.

Мулачка смета дека ДУИ никој не ги чепка во оваа држава. Албанскиот опозициски блок ќе успее да го намали водството на ДУИ како партија.

На новинарското прашање „Дали е можно да се случи да се гласа реконструкција на владата предводена од Џафери“ таа вели дека не верува дека би стигнало до тоа.

Не верувам дека до тоа би дошло иако кај нас во државава ништо не се знае, заклучува таа.