(Видео) Трилинг репортажа: Кои се најголемите проблеми во македонското здравство?

Новинарката Енџи Николоски направи детална репортажа за македонското здравство.

Модерен медицински клинички центар останува главен приоритет за секоја гарнитура која застанува на чело на министерството за здравство.

„Трилинг“ направи кратка репоратажа каде ги прашува граѓаните како се задоволни од ваквите институции. Граѓаните генерално се незадоволни од услугите кои се нудат.

„Многу лоша работа“, „Генерално сум незадоволен“, велат граѓаните.

Новинарката Сања Димитровска потсетува на скандалот на Онкологија, а како најголем проблем наведува дека истото доаѓа заради нетранспарентните здравствени установи.

Програмскиот координатор на здружението ЕССЕ, Дарко Антиќ вели дека најмногу го загрижува фактот на постапување по однос на одредени сомневања.

Ирена Мулачка од Фокус вели дека почесто се менуваат министри отколку што се прават реформи.

Цело време едни исти муабети. Цело време слушаме за нов клинички систем, а досега една шајка не е закована, истото ќе биде и понатаму, вели Мулачка.

Новинарката Мирославка Симоновска вели дека болничките ходници се различни од изјавите на политичарите каде што изобилува оптимизмот.

Доктор Никола Пановски даде свој коментар за македонското здравство.

Бројот на лекарите од 2010 до 2020-та се зголемува. Не е точно дека се намалува. Распоредот нивни е неадекватен. Добар дел од нив отидоа во приватни болници. Можеби помалку квалитетните доктори се во јавното здравство. Друг проблем е што матичните доктори се во просек по 59 години. Бројот на матични лекари е намален за 300 луѓе отрпилика, тоа е добро за оние што остануваат бидејќи имаат повеќе капитација и повеќе примања, но се намалува капацитетот, вели докторот Пановски.

Д-р Божидар Кочовски од асоцијацијата на специјализанти и млади лекари вели дека недостасуваат

Она што недостасува се 18 тимови за Брза помош во Скопје, 50 тимови на ниво на Македонија, вели докторот.

„Дали онколошките пациенит може да останат без лек“. Одговорот е „да“ вели новинарката Мирослава Симоновска.

За изградбата на клиничкиот центар проблемот лежи кај најголемите две политички партија. Нема консензус со децении не може да се договорат за да на крај се пофалат кој ќе почне да го гради. Факт е дека во еден мандат тешко може да се изгради во еден мандат ваков центар, вели докотор Никола Пановски.

Целата репортажа може да ја погледнете во продолжение: