Елизабет Барсак – амбасадорка на Франција во Албанија смета дека Албанија и С. Македонија не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интреграцијата во ЕУ. Таа во интервју за „Еуроњуз Албанија“ вели дека желбата за раздвојување на двете земји доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за С. Македонија.
„Во однос на ова прашање, верувам дека треба да ја надминеме идејата дека овие два народа можат да се разделат. Знам дека многумина велат дека овие две земји биле третирани како една и бидејќи работите не одат толку добро меѓу Северна Македонија и Бугарија, тогаш тие треба да се раздвојат. Ова треба да се надмине и треба да дадеме се од себе за да може двете меѓувладини конференции да се одржат во исто време“ рече Барсак.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на неговото последно обраќање до нацијата во 2021 година рече дека ќе се обиде да го одвои патот на Албанија од С. Македонија, доколку Бугарија опстои на своето вето.