Нов корона-бран во Австралија, се полнат болниците

Коронавирусот повторно се засилува во Австралија, се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центрите за тестирање.

Во сојузната држава – Нов Јужен Велс регистрирани се 23.131 нови случаи во последното деноноќие.

Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата 2021 година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот. Моментно во болница се сместени 1.344 лица.

Во сојузната држава Викторија денеска се регистрирани 14.020 нови случаи на заразени, а вчера имало 8.577.

Официјалните лица ги повикаа луѓето да не одат во болници освен ако не е неопходно, за да се намали притисокот врз здравствениот систем.