Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да поддржуваме вакви проекти

Дипломатот објави дека земјите од Вишеградската група – Австрија, Словачка и Чешка во иднина ќе се запрашаат дали вреди да се поддржуваат вакви проекти.

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочарување за уништената зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката за планинарење Попова Шапка – Титов Врв.

Дипломатот објави дека земјите од Вишеградската група – Австрија, Словачка и Чешка во иднина ќе се запрашаат дали вреди да се поддржуваат вакви проекти.

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништен, оштетен или отстранет.

Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во Македонија“, финансиски поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, како и од Скопска Пивара, а имплементиран и финансиски поддржан од компанијата Одржливи Авантуристички Патувања и Организацијата за одржлив развој САТ Скопје, во соработка со Планинарската федерација на Македонија (ФПСМ).