Јакимовски: Лукровски применува „шопинг терапија“ додека е „на боледување“

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денес на прес-конференција истакна дека неговиот наследник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување веќе 20 дена, бил забележан како пазари во Сити Мол и околни маркети, а до овој момент не оди на работа.

Лукровски претходно ги пренесе овластувањата на неговиот заменик градоначалник, Неделчо Крстевски.

Јакимовски истакна дека Сити Мол е на 300 метри од работното место на Сотир Лукровски, но и дека тој не оди на работа затоа што е болен, но не е болен за да оди на шопинг.

Сето ова го плаќаат граѓаните на Карпош, нагласи Јакимовски и побара одговорност.