
Црна Гора донесе закон, јавните претпријатија може да купуваат само хибрид и 100% електрични возила и не смее да се премиум класа
Со оваа мерка, црногорските власти сакаат да постигнат двоен ефект – од една страна, драстично намалување на емисиите на штетни гасови преку јавниот сектор, а од друга страна, крај за расипничкото трошење на буџетските пари за луксузни службени автомобили, објави 4news.mk
Црна Гора започна радикална модернизација на својот енергетски сектор и воведување строги еколошки стандарди. Со новиот Нацрт-закон за енергетика, кој во моментов е на јавна расправа со цел усогласување со законодавството на Европската Унија, земјата воведува револуционерни правила за државниот апарат: јавните претпријатија и државните институции во иднина ќе можат да купуваат исклучиво 100% електрични или хибридни возила, со јасна забрана тие да бидат од премиум класа.
Со оваа мерка, црногорските власти сакаат да постигнат двоен ефект – од една страна, драстично намалување на емисиите на штетни гасови преку јавниот сектор, а од друга страна, крај за расипничкото трошење на буџетските пари за луксузни службени автомобили, објави 4news.mk
Новите законски одредби ставаат точка на долгогодишната пракса со која државните функционери и директорите на јавните претпријатија набавуваа прескапи лимузини од премиум брендови. Според новиот концепт, сите идни јавни набавки ќе мора да бидат насочени кон еколошки возила (електрични или хибридни) од стандардни, економски поисплатливи класи.
За да се поддржи овој премин, законот за првпат детално ја регулира и инфраструктурата за полнење на електрични возила, како и системите за складирање на струја, со што ќе се овозможи непречено функционирање на новиот „зелен“ возен парк на државата.
Оваа реформа е само дел од поширокиот пакет за модернизација на енергетскиот систем на Црна Гора. Новиот закон, за кој јавната дебата трае до 16 септември, воведува и целосно нови категории на пазарот на енергија кои ги штитат и им даваат моќ на крајните потрошувачи:
Активни купувачи и енергетски заедници: Граѓаните и претпријатијата ќе можат организирано да произведуваат, складираат и да ја споделуваат струјата што сами ја создале во сопствените капацитети (на пример, преку фотоволтаици).
Заработка преку паметна потрошувачка: Се воведува т.н. „одговор на потрошувачката“ и договори со динамично пресметување на цената. Тоа значи дека крајните купувачи ќе можат да заработат или да добијат стимулации ако ја намалат или зголемат својата побарувачка на струја во одредени периоди, реагирајќи на сигналите од пазарот.
Нови овластувања за операторите: Преносниот систем (ЦГЕС) ќе добие право да понуди ограничени приклучоци на мрежата за да се осигура економската ефикасност на новите производствени погони и батериски системи за складирање.
Со овие законски измени, Црна Гора не само што прави голем чекор напред кон исполнување на европските еколошки норми, туку поставува и нов стандард во регионот за тоа како треба да изгледа одговорното и еколошки свесно управување со јавните претпријатија.