Ципрас потврди дека ќе формира нова партија

Бившиот грчки премиер Алексис Ципрас потврди дека ќе формира нова политичка партија, која ќе биде промовирана на 26 мај.

Бившиот грчки премиер Алексис Ципрас потврди дека ќе формира нова политичка партија, која ќе биде промовирана на 26 мај.

Претходно, Ципрас објави долг политички манифест за тоа како левицата би можела да се врати во грчката влада, повикувајќи на обединување на социјалдемократите, радикалната левица и зелените.

-Не можев да останам во удобна тишина, туку имам одговорност да помогнам во враќањето на стабилноста и нормалноста во Грција. Потребна ни е владејачка левица, фокусирана на практични решенија, а не на несогласување. Не сум заинтересиран да водам партија со комплементарна улога, туку сакам да го преобликувам правецот на политиката – речд Ципрас.

Следните парламентарни избори во Грција треба да се одржат во 2027.