Хуманитарен концерт на фолклорниот ансамбл „Мегдан” во Стар Дојран

Со концерт во амфитеатарот во Стар Дојран, фолклорното друштво „Мегдан" од Богданци вечерва повторно ќе организира хуманитарна акција за прибирање средства за лекување на 39-годишниот Ристо Живковиќ од Богданци, татко на три деца.

Со концерт во амфитеатарот во Стар Дојран, фолклорното друштво „Мегдан” од Богданци вечерва повторно ќе организира хуманитарна акција за прибирање средства за лекување на 39-годишниот Ристо Живковиќ од Богданци, татко на три деца.

Под мотото „Оро на хуманоста”, концертот е дел од „Дојранско културно лето 2026″ и го организира Општина Дојран од 19.30 часот. Ќе настапи Фолклорниот ансамбл „Мегдан” од Богданци, заедно со својата секција од Дојран. На настанот ќе има и штанд со домашни производи од локални производители и фирми, кои, исто така, ќе бидат вклучени во хуманитарната активност за да се соберат што повеќе средства потребни за Живковиќ, кој боледува од тумор на мозокот, да се лекува во Турција.

-Нашиот ансамбл е веќе трет пат во хуманитарна мисија со цел да го испратиме нашиот татко, професор и чтец Ристо на лекување. Затоа ги покануваме сите посетители на Дојран да дојдат на настанот, да донираат, и притоа да ги слушнат и видат нашите преубави песни и ора и да уживаат во прекрасната клима на ова туристичко место, велат од „Мегдан” во својата објава.

Во изминатиот месец фолклорниот ансамбл одржа уште два концерта со истата хуманитарна цел, едниот во селото Црничани, а другиот во селото Стојаково. Исто така, при посетата на Хрватска ова лето и настапот со нивните пријатели музичари од народниот оркестар при ДМУЦ „Сергеј Михајлов” од Штип, „Мегдан” собра одредена сума од средствата за лекување на нивнот сограѓанин.