Хаос во Тирана: Полицијата употреби гумени куршуми, уапсени над 1.000 лица

Новинарите на Ројтерс пронашле гумени проектили на земјата, а од нив биле погодени двајца новинари на агенцијата и неколку демонстранти, кај кои останале кружни траги од ударите.

Албанската полиција употребила гумени куршуми против демонстрантите во Тирана, на петтиот ден од масовните студентски протести на кои се бара оставка од премиерот Еди Рама.

Новинарите на Ројтерс пронашле гумени проектили на земјата, а од нив биле погодени двајца новинари на агенцијата и неколку демонстранти, кај кои останале кружни траги од ударите.

Шефот на албанската полиција, Скендер Хита, не ја негирал употребата на гумени куршуми. Тој изјавил дека сите употребени средства биле применети во ограничен обем.

Хита соопштил дека седум полицајци се суспендирани и се соочуваат со дисциплински истраги поради пречекорување на овластувањата и непочитување на принципот на пропорционалност при постапувањето со демонстрантите.

Тој не прецизирал кои инциденти довеле до суспензиите.

Според него, досега се уапсени 1.067 лица, а против 388 е поведена кривична постапка.

Во судирите се повредени десетици полицајци и демонстранти.