
Томовски: Со јавно-приватно партнерство ќе се гради саем во Скопје
Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски во гостувањето во Ноќно студио на 4ТВ кажа дека веќе е најдена локација и објектите ќе се градат со јавно-приватно партнерство. Тој на ја откри точната локација, само рече дека е во близина на студиото на 4ТВ кое се наоѓа во зградите „Џавахир“ во Општина Аеродром.
Во Скопје ќе се гради саем откако објектите на Скопски саем беа урнати и на нивно место се изгради трговски центар, објави „4news.mk“.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски во гостувањето во Ноќно студио на 4ТВ кажа дека веќе е најдена локација и објектите ќе се градат со јавно-приватно партнерство. Тој на ја откри точната локација, само рече дека е во близина на студиото на 4ТВ кое се наоѓа во зградите „Џавахир“ во Општина Аеродром.
„Ние како држава сега немаме саем. Имаме некоја локација во најава, чекаме уште да видиме со Град Скопје и Катастар дали таа локација е чиста. Планирано е да се изградат неколку хали за саем, спортски терени и хотел. Би барале приватен којшто ова ќе го инвестира за да не инвестираме ние како држава 50 милиони евра, а сепак тоа да остане на државата“, рече Томовски.
Скопје 8 години нема саем откако тој беше урнат во 2018 година за изградба на ТЦ „Ист гејт“.