Срушен е кредибилитетот на државниот обвинител Савески, вели Филипче
Срушен е кредибилитетот на државниот јавен обвинител Ненад Савески, оценува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по веста дека премиерот Христијан Мицкоски се слушнал со обвинителот на денот кога Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја запре истрагата за увозот на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Правејќи паралела со европските обвинители, Филипче рече дека, на пример, кај европската главна обвинителка Лаура Ковеси нема јавувања, што според него, е причина плус за власта да не ја сака Европа.
-Каде е сега кредибилитетот на обвинителот Савески и каков е кредибилитетот? За кредибилитетот на Мицкоски веќе знаеме дека го нема, затоа што дечкото секој ден ги потврдува лагите, односно му се разобличуваат. Дали ако нешто обвинителот направи или не направи, вие како новинар нема да го прашате дали сте се слушнале со премиерот, дали ви се јави?
И дали нема премиерот да го прашате, ако нешто обвинителот направи или не направи, дали му се јавил на обвинителот? И дали тоа не се две легитимни прашања после една таква скандалозна изјава дека тие двајца се слушаат? Ова го нема во Европа. Е, затоа не ја сакаат Европа – рече тој.
За одлуката на ОЈО ГОКК за затворање на истрагата за увозот на мазут за потребите на ТЕЦ „Неготино“, Филипче вели дека нивниот партиски став е – кој и да го прекршил законот, вклучително и од СДСМ, треба да одговара.