Се предлага кризната состојба за снабдувањето со нафта да трае до 20 април 2027 година
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можноста од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата.

На денешната седница, образложение за предлог-одлуката даде министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Тој појасни дека со предложените измени рокот за постоење на кризната состојба, наместо до 20 октомври 2026 година, ќе биде продолжен до 20 април 2027 година.
-Фактички, со оваа одлука, зборовите ‘до 20 октомври 2026’ се заменуваат со зборовите ‘до 20 април 2027 година’ – појасни Мисајловски.
Предлог-одлуката сега продолжува во собраниска процедура.