Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што им избега на полициските службеници викендов додека беше на распит во ПС Кочани, во врска со кривично дело неовластено производство, преработка, продажба на дрога.

Тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик, информираат од МВР.