Продолжува негативниот прираст – 1.005 помалку родени од умрени во второто тримесечје

Во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 3.684 и е намален за 3,0 % – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2026 година бележи намалување од 0,6 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 4.689 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1.005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.732 брака и нивниот број е намален за 2,2 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 406 разведени брака.