По 14 години и четири градоначалници булеварот „Борис Трајковски“ конечно привршува

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека набргу се започнува со асфалтирање на булеварот „Борис Трајковски“.

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека набргу се започнува со асфалтирање на булеварот „Борис Трајковски“.

– По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани. Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а наскоро започнуваме со поставување на првиот слој асфалт, соопшти преку видео на својот фејсбук профил првиот човек на Град Скопје.

Додава дека наскоро жителите од овој дел на Скопје ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар каков што одамна заслужуваат.

Булеварот „Борис Трајковски“ ги поврзува Кисела Вода, Пинтија и Драчево, а од вчера започна и реконструкцијата на главниот мост над Маркова Река во Драчево.

Првата делница од проширениот и реконструиран булевар „Борис Трајковски“, од „Рампа“ до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри, беше завршена во октомври 2012 година.