Орхан Муртезани ја презеде функцијата амбасадор во НАТО

„Нова задача, иста одговорност“, објави Муртезани на Фејсбук, нагласувајќи дека негова цел ќе биде Македонија да биде безбедна држава, сигурен сојузник и земја што има свој глас и придонес во НАТО.

Поранешниот министер за евроинтеграција Орхан Муртезани ја презеде функцијата амбасадор на Македонија во НАТО.

„Нова задача, иста одговорност“, објави Муртезани на Фејсбук, нагласувајќи дека негова цел ќе биде Македонија да биде безбедна држава, сигурен сојузник и земја што има свој глас и придонес во НАТО.

Тој исто така нагласи дека во време кога безбедноста не може да се земе здраво за готово, членството во НАТО носи не само привилегии, туку и одговорност.

„За мене, ова е ново професионално поглавје, но во исто време и продолжување на истата посветеност – Македонија да биде безбедна, сигурен сојузник и држава што има свој глас и придонес во евроатлантското семејство“, нагласи Орхан Муртезани.