Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем

Доколку здравствениот систем подобро се организира и пациентите се распределуваат според сложеноста на случаите, во моментов нема потреба од изградба на нов Клинички центар во Скопје, смета директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој посочи дека дел од здравствените услуги треба да се извршуваат во општите болници, додека покомплексните случаи би се третирале во клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, а само најтешките пациенти да се упатуваат во Скопје.

Според Клековски, здравствениот систем располага со доволно објекти, кадар и стручни лица, но е потребна подобра организација и распределба на ресурсите.

„Нови пари нема да има. Без големи промени во фискалната политика, здравството ќе мора подобро да го искористи тоа што веќе го има“, изјави Клековски.

Тој денеска го презентираше извештајот за болничко лекување за 2025 година, при што посочи дека во 63 здравствени установи биле регистрирани околу 194 илјади болнички лекувања, а просечниот престој на пациентите бил помал од пет дена.

Клековски истакна дека има напредок во работата на дел од општите болници, особено во Битола и Штип, како и во болницата „8 Септември“, каде се изведувале посложени интервенции слични на оние на Клиничкиот центар.